Утрински Весник
Македонија

МЗ: Хроничните пациенти со ревматски заболувања да бидат во домашна самоизолација

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на високоризични пациенти и поради тоа треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и ракавици, соопшти денеска Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, станува збор за пациенти со некротизирачки васкулопатии, системски еритемски лупус, дерматомиозитис, системска склероза, како и пациенти третирани со биолошка или комбинирана имуномодулаторна терапија.

-Во услови на пандемија со коронавирусот, хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на  високоризични пациенти. Поради високиот ризик, овие пациенти треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и ракавици, информира Министерството за здравство.

Во однос на здравствената сотојба на основното ревматско заболување, на овие пациенти Министерството за здравство им препорачува да консултираат матичен лекар и специјалист ревматолог кој им ја следи состојбата.

-За сите потребни стручни консултации, пациентите како и нивните матични лекари може да се обратат на Клиниката за ревматологија на контакт телефонот:  02 3 147 110 и на мејл дресата bio.revmatologija@gmail.com. На оваа мејл адреса матичните лекари можат да испраќаат и резултати од извршени анализи и испитувања на пациентите за дополнителна консултација со Клиниката. Тие ќе бидат разгледани од страна на специјалист ревматолог и доколку е потребно ќе биде дадена соодветна дополнителна препорака, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици 

Приведени возачи од Холандија и Србија, на автопатот А-1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената