Утрински Весник
Македонија

Шекеринска на состанок на НАТО министрите за одбрана посветен на кризата со КОВИД 19

Шекеринска на состанок на НАТО министрите за одбрана посветен на кризата со КОВИД 19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува  на видеоконференциската средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Ова е прв министерски состанок на шефовите на одбраната на Алијансата на кој министерката Шекеринска учествува како претставник на полноправна членка на НАТО.

Темата на состанокот е одговорот на Алијансата на кризата со КОВИД 19.

Во својата дискусија, Шекеринска ќе се осврне на состојбите со коронавирусот во земјава и мерките што ги презема Владата за спречување на неговото ширење. Воедно, министерката ќе се заблагодари и за помошта од земјите членки на НАТО како САД, Турција, Норвешка, Обединетото Кралство, Чешката Република, Унгарија, Холандија, Словенија и Бугарија и ќе понуди поблиска соработка на нашата земја со КФОР на планот на намалувањето на последиците од ширењето на заразата.

Состанокот на НАТО сојузниците ќе се одвива преку заштитена конференциска врска, и освен за КОВИД 19, министрите за одбрана на 30-те земји членки, ќе разговараат и за мисиите и операциите на Алијансата за време на пандемијата, како и за дезинформациите и спречувањето на лажните вести околу коронавирусот. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции