Утрински Весник
Македонија

МВР ќе отвори единствени броеви само за прашања поврзани со Ковид-19

Наќе Чулев, нов предлог на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи ќе отвори единствени броеви за цела територија на државата на кои граѓаните ќе може да се јават за сите прашања поврзани со Ковид-19, а бројот 192 ќе биде исклучиво за пријавување на криминал, најави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој посочи дека досега МВР има поднесено и околу 18 поднесоци до ОЈО за говор на омраза и ширење на лажни вести.

Чулев, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“, рече дека Министерството за внатрешни работи поднело уредба до владата Единицата за беспилотни летала, која беше дел од Управата за безбедност и контраразузнавање,  а моментално не е никаде систематизирана, да биде ставена во рамки на МВР:

Посочи дека се работи за беспилотни летала за кои веќе е платено двегодишно одржување и има одлични оператори, а може да се користи не само од МВР и Агенцијата за национална безбедност, туку и за цивилни цели.

–  Единицата би била од голема помош во функционирањето и зголемената ефикасност на сите сегменти на МВР. Со оглед дека претходно не можевме да ја промениме организациската структурата на МВР во предизборен период, сега немаме избори и поднесена е уредба до Влада со цел да се промени организациската структура на МВР во делот на предвидување на Единицата за беспилотни летала. Сакаме повторно да ја ставиме во функција и на располагање не само за Агенцијата за национална безбедност, туку истата да се користи и за цивилни цели, изјави Чулев.

Единицата, појасни, може да се користи и од Министерството за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Катастар и на сите институции на кои имаат потреба, за да нема дуплирање на капацитети. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”