Утрински Весник
Спорт

УЕФА организира нова видео конференција за иднината на сезоната

УЕФА ги откажа сите натпреаври од евротурнирите

Нион, 14 април 2020 (МИА) – УЕФА ќе организира нова видео конференција на 23 април на тема опции за завршување на сезоната 2019/2020. Ова ќе се случи откако во претходните денови се одржаа телефонски разговори на Централата со сите 55 национални федерации членки, како и со раководството на Здружението на фудбалски клубови на континентот.

Фудбалската сезона беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус и се бараат опции за нејзино рестартирање.

Приоритет за УЕФА е завршувањето на националните првенства и турнири. Се разгледува опцијата средби да се играат до крајот на јули и во август, а потоа да се закаже евентуално завршување на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026