Утрински Весник
Македонија

Обвинет 34-годишник за упатување закани прку социјална мрежа кон политичари и функционери

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетиот 34-годишник од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство, за кое е пропишана казна затвор од над пет години.

Оттаму посочуваат дека тој во повеќе наврати објавувал текстови со заканувачка содржина, а заканите биле упатени кон политичари и владини функционери.​​бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од затвор итно во болница: Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден