Утрински Весник
Македонија

Четврта дезинфекција на зградите во Општина Карпош

Четврта дезинфекција на зградите во Општина Карпош

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Комуналните служби на Општина Карпош почнаа со четврта дезинфекција на влезовите од зградите, во кои живеат повеќе од осум домаќинства.

Како што соопштија денеска од општината, се дезинфицираат влезните врати и делови од зградите, сандачињата, гелендерот и лифтовите со посебно средства за дезинфекција на јавни површини.

Општинските власти посочија дека оваа активност претставува дополнителна поддршка за заедниците на сопственици, куќни совети, во ек на пандемијатата на коронавирусот, и ги повикуваат сите куќни совети да продолжат и со тековното чистење и дезинфекција на влезовите.бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден

Демографијата го зема данокот: Се затвараат четири подрачни училишта во Делчево