Утрински Весник
Спорт

Барселона не може да се раздели со „кревкиот“ Дембеле во текот на летото

Мора на нова рехабилитација: Дембеле пак се повреди

Барселона, 13 април 2020 (МИА) – Се чини дека следната сезона Усман Дембеле ќе остане играч на Барселона. По неизвесните финансиски времиња, како кај Каталонците, така и воопшто во фудбалот, тешко дека тим ќе плати 60 милиони евра за него. Покрај тоа, неговите чести повреди не ја олеснуваат ситуацијата.

Пред неговата последна повреда, агентот на Дембеле се сретна со клубот за да разговара за евентуален трансфер во текот на летото. Беше решено дека неговата иднина ќе се реши според неговата форма, но тогаш тие сигурно не претпоставуваа дека тој повторно ќе биде надвор од игра толку долго време – 6 месеци.

Во последните 3 години, францускиот репрезентативец доби 7 повреди на мускулите и затоа не може да се најде тим кој ќе потроши многу пари на него, иако има многу квалитети. Во 2017 година, Каталонците потрошија 124 милиони евра на Дембеле и затоа сакаат да вратат барем половина од инвестицијата. Сепак, со појавата на пандемијата од коронавирус тоа ќе биде доста тешко.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига