Утрински Весник
Македонија

Мерко: Треба достоинствено и натаму да ги применуваме мерките за заштита од коронавирусот

Мерко: Треба достоинствено и натаму да ги применуваме мерките за заштита од коронавирусот

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Мерките за заштита од коронавирусот кои ги имаме преземено како локална самоуправа и сите мерки од Владата се имплементирани и се прифатливи за граѓаните на општина Струга, истакна вечерва струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во видео обраќањето во емисијата Топ Тема на ваша страна на Телма телевизија.

Во врска со тоа каква е состојбата во Лабуништа, Мерко рече дека се покренала фама околу тоа струшко село, околу сите граѓани кои работат во странство, особено во Италија.

– Жителите на Лабуништа се многу свесни и сите кои дојдоа од странство ја прифатија самоизолацијата. Секој почна да ги прифаќа мерките, за да го намалиме ширењето на коронавирусот, рече Мерко.

Во врска со тоа дали Струга треба да ги затвори вратите за посетителите за велигденските празници и дали смета дека треба да дојдат тие во Струга, во Охрид и во другите градови, истакна дека тоа е регулирано со одлуките на Владата и Кризниот штаб.

– Од петок до вторник ќе има полициски час. Кои луѓе ќе дојдат и кои луѓе ќе си одат. Значи нема ниту доаѓање ниту одење. Секој ќе си биде во своето место и треба достоинствено и понатаму да ги применуваме мерките кои доаѓаат од Кризниот штаб, додаде Мерко.

Во емисијата гостуваше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а видео обраќање имаа и градоначалниците на Прилеп, Илија Јованоски, на Гостивар, Арбен Таравари и на Чешиново Облешево, Горанчо Крстев. рп/вј/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор