Утрински Весник
Македонија

КОВЗРГ го осуди сквернавењето на христијанските гробишта во Камник

КОВЗРГ го осуди сквернавењето на христијанските гробишта во Камник

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи преку соопштение најостро го осуди вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник.

Од Комисијата изразуваат сочувство до семејствата, чии најмили почиваат на овие гробишта и го споделуваат немирот и револтот по овој нечовечки акт.

Комисијата за односи со верските заедници упатува јавен апел до органите на прогонот да ги преземат сите потребни дејствија за поскоро откривање на сторителите, за истите да бидат најостро санкционирани од правосудните органи. Изразуваме задоволство од реакцијата на АД Бутел, кое како одговорно правно лице најавува санирање на сите штети врз 62-та гроба на свој трошок, како и од најавата која ја добивме од градоначалникот на Општина Гази Баба дека ќе се преземат работи за поставување на видео надзор кој би превенирал повторување на кривичното дело, стои во соопштението. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ

„Платформа 12:05“: Само обединета опозиција може да ги победи десничарските популисти

Филипче: Честитки до граѓаните на Србија за големата победа