Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка кај Длапкин Дол, еден загинат и тројца повредени

Двајца повредени во сообраќајка под Плетвар

Кичево, 13 април 2020 (МИА) – Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 13:30 часот во близина на кичевското село Длапкин Дол. Повредени се уште три лица од кои една жена потешко и е пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека до несреќата дошло при судар на возило марка „хонда“ со скопски таблички и „опел астра“ со тетовски таблички.

Животот го загубил 62-годишен скопјанец, а двајцата сопатници кои биле со него во возилото „хонда“ се полесно повредени. Во опел астрата потешко повредена е жена, но таа е надвор од животна опасност.

Во тек е увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител. рф/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница