Утрински Весник
Економија

Виза го зголеми лимитот за бесконтактно плаќање до 2.500 денари

Виза го зголеми лимитот за бесконтактно плаќање до 2.500 денари
Dik 300x250 mk

Скопје,  13 април 2020 (МИА) –  Потрошувачите кои плаќаат со виза картичка со опцијата приближи и плати (tap-to-pay), со нивната бесконтактна картичка од денеска имаат зголемен лимит до 2.500 денари. Зголемениот лимит без ПИН е зголемен за 25 отсто од претходниот максимален износ од 2.000 денари.

-Visa денес најави дека го поддржува зголемувањето на лимитот кај Card Verification Method до 2.500 денари во Македонија. Зголемениот лимит без ПИН е зголемен за 25 отсто од претходниот износ од 2.000 денари, со што на македонските потрошувачи им е овозможена уште поголема погодност за повеќе секојдневни трансакции, информираат од компанијата.

Во соопштението се наведува дека бесконтактната технологија го обезбедува најбрзиот, најповолниот и најбезбедниот начин на плаќање и за потрошувачите и за трговците, овозможувајќи едноставни приближи-и-плати плаќања. Со повеќе од 40 отсто од трансакциите во Македонија, веќе направени со бесконтактно плаќање, оценуваат дека зголемувањето ќе продолжи да го подобрува искуството при купување кај потрошувачите.

-Кога потрошувачите плаќаат бесконтактно со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), тие го сакаат непреченото, брзо и безбедно искуство, а и знаеме дека луѓето сакаат да го користат бесконтактното плаќање при купување повеќе од било кога, изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за југоисточна Европа. скс/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје