Утрински Весник
Македонија

МАНУ работи на истражувања во врска со вирусот Ковид-19

Членови на МАНУ: Расправата за историјата на Македонците и на Бугарите треба да се води непристрасно и независно од политиката

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Биомедицински истражувања, со посебен осврт на секвенционирањето на целиот геном на селектирана група вируси, изолирани од различни пациенти заради утврдување на различните поттипови присутни во нашата популација, истражување во врска со ширењето на вирусот Ковид-19 и влијанието на нефармацевтските интервенции во Македонија, се дел од проектите на кои во моментов работи Македонската Академија на Науката и Уметностите (МАНУ).

Од Академијата соопштија дека работат и на економски истражувања, со посебен осврт на монетарните политики и на осигурувањето на стабилноста на македонскиот финансиски систем, и на фискалните политики во времето на глобалната пандемија и нејзините влијанија во Македонија, како и на истражување поврзано со геополитичките, општествените и економските последици од пандемијата од Ковид-19.

Резултатите од истражувањата, велат МАНУ ќе се објавуваат тековно, дневно и неделно, како што ќе пристигаат, на веб-страницата на Академијата, во дневниот печат и на други јавно достапни портали, во државата и надвор од неа.

-Претседателството на МАНУ, на 512. седница, одржана денеска, упати соопштение до јавноста за научен осврт и анализа на состојбите во врска со пандемијата од Ковид-19, во согласност со општествената одговорност на МАНУ, а заради обезбедување соодветен научен придонес во институционалните напори за справување со оваа пандемија, соопштија од Академијата.

Информираат дека ќе работат и во претстојниот период, на истражувања поврзани со пандемијата од Ковид-19, со користење холистички пристап, интегрирајќи ги природните, техничките, општествените и хуманистичките науки, но и уметностите.

МАНУ, по предлог на Одделението за медицински науки и на Одделението за општествени науки, до Владата на Република Северна Македонија испратиле предлози со конкретни мерки за справување со последиците од кризата во јавното здравство и во економијата. бк/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија