Утрински Весник
Македонија

Директорот на Гостиварската болница тврди дека кај нив има три инфицирани медицински лица, а не осум

Директорот на Гостиварската болница тврди дека кај нив има три инфицирани медицински лица, а не осум

Гостивар, 13 април 2020 (МИА) – Во Општата болница во Гостивар евидентирани се три медицински лица кои биле позитивни на тестот за КОВИД-19, изјави директорот на болницата Јакуп Јакупи. Во меѓувреме, додаде, се очекуваат и резултатите за уште шест медицински лица.

Директорот на општата болница „Д-р. Ферид Мурад“ запрашан за актуелната состојба на новинарите им ги соопшти како што рече последните информации.

– Нашите колеги кои имаат позитавни резултат на тестирањата не оделе на работа и тие биле во групите кои во тој период биле дома. Тој принцип го воведовме за да се избегнат меѓусебни контакти. Тие засега остануваат во домашна излоација и немаат развиено симптоми, а очекуваме да им биде извршено повотрно тестирање. Резултати се чекаат за уште шест вработени во болницата и тие од сигурносни причини се во излоција, рече Јакупи.

Во болницата биле тестирани вкупно 45 здравствени работници, а очекува од епидемиолозите да утврдат како дошло до инфицирање на медицинскиот персонал.

Јакупи нагласи дека во установата се вршат засилени мерки за заштита на персоналот и пациентите и заради околностите, како што рече, работата се одвива со намален обем.

Информацијата за осум инфицирани во гостиварската болница беше испратена од кабинетот на портпаролот на Владата на Република Северна Македонија како одогвор на прашањето од дописникот на МИА испратено по електронска пошта. згм/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”