Куманово, 13 април 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Куманово на денешната седница побара од здравствените власти да ја проценат функционалноста на Болницата, да им се даде приоритет на изработката на тестовите на здравствените работници од болницата, граѓаните да не фрлаат смет и да рационално да ја користат водата за време на викендите.
-Бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести, заради новонастанатата ситуација со новозаразен персонал од Општата болница – Куманово, да направат итна проценка и да се согледа функционалноста на болницата и одделите каде што има персонал што е заразен со вирусот COVID–19, соопшти Општинскиот кризен штаб.
Штабот бара од Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и Институт за јавно здравје – Скопје да им даде приоритет на тестовите за земените брисeви на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и навремено да го информираат Центарот за јавно здравје – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот, како што се наведува во сооопштенито, дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаат од штабот се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.
Од штабот аплеираат кумановци да не фрлаат смет на места на кои не е дозволено, бидејќи на тој начин се создаваат диви депонии. Во оваа состојба, штабот и препорача на општината да не им наплаќа на граѓаните кои самоиницијативно одлгааат поголеми количини смет на депонијата „Краста“. Поради зголемената потрошувашка на вода за време на викедните и намалување на приитисокот на вода, штабот побара кумановци рационално да ја користат водата, односно да не се наводнуваат бавчи, дворови и да не се мијат автомобили со вода од градскиот водовод. ам/вј/