Утрински Весник
Македонија

Мобилните тимови на Црвениот крст во Кичево услужиле 38 домаќинства

Мобилните тимови на Црвениот крст во Кичево услужиле 38 домаќинства

Кичево, 13 април 2020 (МИА) – Мобилните тимови на Општинската организација на Црвениот крст во Кичево од почетокот на воведувањето на ограничувањата за движење на одредени ризични групи во континуитет  вршат теренска услуга за набавка на храна, хигиенски производи и лекови за старите и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и самохрани родители кои не можаат да излезат од дома.

Од отворањето на телефонската линија до денеска во центарот за помош се обратија 38 домаќинства, на кои им беше обезбедена соодветната барана услуга за набавка на храна, хигиена и лекови.

Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево соопшти дека продолжуваат да даваат поддршка за да се намали ризикот од ширење на заразата со  Ковид-19. рз/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа