Утрински Весник
Економија

Бројот на туристи бил во пораст во двата месеца пред кризата

Презентација на резултатите во туризмот остварени во првата половина од годинава
Dik 300x250 mk

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Февруари годинава е забележан раст на бројот на туристите  и на ноќевањата. Кај туристите во однос на февруари лани има зголемување за 8,3 отсто, а кај ноќевањта 3,4 отсто. Зголемување на бројот на туристи е забележан вкупно во првите два месеца од годинава за 10,6 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во февруари година бројот на туристи изнесува 47 288, а бројот на ноќевања изнесува 94.883.

Кај домашните туристи е забележан раст за 6,2 отсто, а кај странските туристи 9,5 отсто. Домашните туристи, според објавените податоци имале за 0,9 отсто повеќе ноќевања во однос на феврури лани, а кај странските туристи за 5,2 отст

За првите два месеца, статистичките податоци, покажуваат зголемување на бројот на туристи за 10,6 отсто, при што кај домашните зголемувањето е за 3,4 отсто, а кај странските има зголемување за 15,3 отсто.

Во периодот јануари – февруари 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.2 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 1,2  отсто, а кај странските има зголемување за 8,4 отсто.скс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица