Вечерва во 23.40 часот на МРТВ1 ќе се емитува претставата „Буре барут“ во режија на Сашо Миленковски. Претставата премиерно е одиграна пред четири години, по повод 70 годишнината од постоењето на Драмски театар Скопје.
Со ова започнува ТВ емитувањето на циклус театарски претстави од Драмскиот театар.
Автор на музиката во претставата е Венко Серафимов, а улогуте ги толкуваат: Лазе Манасков (Анѓеле), Иван Петрушевски (Димитрија), Гоце Тодоровски (Свето), Ѓокица Лукаревски (Благоја, подоцна Човекот), Благица Димитровска (Аце), Јовица Михајловски (Симон), Александра Павлова (Ана), Игор Стојчевски (Андреа), Виолета Шапковска (Жената), Емилија Мицевска (Светле), Симон Мансковски (Шоферот, па Полицаецот, па Џими и Коста), Сашо Тасевски (Ѓорѓи), Благој Чоревски (Гела), Александар Степанулески (Борис), Рубенс Муратовски (Топук), Димитрија Доксевски (Кирил), Филип Трајковиќ (Мане), Јана Стојановска (Евдокија).