Утрински Весник
Економија

Над 1.500 јавувања за економските мерки, контакт центарот од денеска со зголемен капацитет

Над 1.500 јавувања за економските мерки, контакт центарот од денеска со зголемен капацитет

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Финансиската поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволи за движење во полициски час се најчесто поставуваните прашања во контакт центарот за економски мерки на Владата, каде неделава имало 1.579 јавувања.
 

Контакт центарот, преку телефонскиот број 02/324-8040, функционира од минатата недела и е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки на Владата, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, а е обезбеден од МАСИТ како донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија. Со цел да се одговори на што поголем број повици контакт центарот од денеска работи со зголемен капацитет.

-Постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните, притоа, најчесто поставувани прашања, 96 отсто, од вкупниот број прашања, се можноста за користење на финансиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците, можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа, кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија и постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час, информираат од Владата.

На прашањата кои пристигнуваат во контакт центарот, одговараат стручни лица, а одговорите може да се добијат на македонски и на албански јазик. Кол центарот работи од 8:00 до 17:00  часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот.

Со цел навремена и детална информираност на компаниите и граѓаните за економските мерки на Владата, а во согласност со интересот за поединечните мерки, подготвен е и документ во кој се содржани одговори на најчесто поставуваните 25 прашања во изминатиот период. Одговорите на најчесто поставуваните прашања може да се најдат на следниот  линк.скс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија