Утрински Весник
Македонија

Ученици од „Песталоци“ во онлајн-комуникација со градоначалникот на Центар

Ученици од „Песталоци“ во онлајн-комуникација со градоначалникот на Центар

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска одржа видеоповик со четвртоодделенците од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Средбата била планирана за во просториите на Општината, но поради состојбата со коронавирусот таа беше реализирана електронски. Целта е учениците да се запознаат со активностите на локалната самоуправа и Советот на општината поврзани со годишната програма за работа на училиштето.

Општина Центар соопшти дека  Богдановиќ и советничката Јулијана Димески разговарале и одговарале на интересни прашања од учениците поврзани со надлежностите на Општината во сите сектори, но и на прашања кои се однесуваат за подобрување на условите во нивното училиште.

-Денеска одржав онлајн-комуникација со учениците од ООУ „Ј. Х. Песталоци“. Ја имавме таа пракса да нè посетат учениците и да учат за локалната самоуправа во просториите на Општина Центар, но поради вонредната ситуација, успеавме преку модерните алатки на комуникација да воспоставиме контакт и со дел од учениците да поразговараме за нивните прашања и нивната заинтересираност за работата на Општина Центар, изјави градоначалникот Богдановиќ.хс/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип