Утрински Весник
Македонија

Со пиштол се шетал за време на полициски час 77 годишник од Тетово

Жител на тетовско Шемшово починал откако дрво паднало врз него
Dik 300x250 mk

Тетово, 13 април 2020 (МИА) – За време на полициски час 77 годишник бил приведен, а при тоа кај него е најден пиштол со рамка, соопшти денес СВР Тетово. Тој бил затекнат како се движи по улицата „176“ во Тетово, околу 13 часот и 40 минути.

-Р.А (77) е задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци. При негов преглед пронајден му е пиштол со рамка со 7 куршуми, калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола, соопшти Марјан Јосифоски, портапрол на СВР Тетово.

Тетовецто е еден од вкупно 13 лица кои ќе се соочат со казни поради тоа што за време на викендот не ја почитувале забраната за движење од петокот во 16 часот до понеделник во 5 часот.  Од 21 март кога е воведен полицискиот час вкупно 111 лица се евидентирани за непочитување на ограничетото движење. Сите биле лишени од слобода и ќе добијат соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за непостапуавње според прописи за време на епидемија.

Тетовската полиција бележи дека бројот на евидентираните едно лице кое се обврзало на самоизолација, како и 2  нови лица со решeнија  издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово