Утрински Весник
Македонија

Повик за предлог-проекти за Програмата на УНЕСКО за 2020/2021

Повик за предлог-проекти за Програмата на УНЕСКО за 2020/2021

Најдоцна до 31 мај 2020 секоја држава членка преку својата национална комисија за УНЕСКО може да поднесе до УНЕСКО најмногу седум проекти од петте главни програмски области и еден регионален проект. За да може Националната комисија за УНЕСКО да ги достави предлог-проектите согласно со предвидениот краен рок, потребно е најдоцна до 5 мај 2020 правните лица да и ги достават пополнетите формулари на англиски или француски јазик, како и на македонски јазик. 

Носител на проектот се правни лица кои можат да обезбедат негова квалитетна имплементација. Проектот треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за петте главни програмски области за периодот од 2020 до 2021 година (содржани во документот 40 С/5 Буџет и програма 2020-2021 (https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000367155)

Во објавениот повик се содржани информации за буџетите во согласност со нивото на проектите (национални, регионални, субрегионални и интеррегионалните), рокот до кога ќе треба да се реализираат одобрените проекти и начинот за доставување на предлозите до Националната комисија на УНЕСКО.

Подетални информации зa Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година и постапката за поднесување на предлог-проектите заедно со формуларите може да се добијат и да се преземат од линкот: http://www.unesco.org/new/en/member-states/single-view/news/circular_letter_on_the_participation_programme_for_2020_2021  хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор