Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Општина Бутел и Институтот за трансфузиска медицина утре од 09:00 до 14:00 часот ќе организираат крводарителска акција во просториите на општината.
Од прес-службата на општината информираат дека во координација со Институтот за трансфузиска медицина се преземени дополнителни мерки за да создадат максимално безбедни услови за крводарување, како што е обучен персонал за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки од Институт за трансфузиона медицина.
– За време на акцијата ќе биде воведен систем на обезбедување соодветно растојание помеѓу дарителите и ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување), посочуваат од општината.
Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот.фф/лв/