Утрински Весник
Македонија

Министерот Чулев им се заблагодари на граѓаните за почитувањето на полицискиот час

Министерот Чулев им се заблагодари на граѓаните за почитувањето на полицискиот час

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои ја почитувале забраната за движење за време на продолжениот полициски час кој почна во петокот во 16 часот и заврши утрово во 5 часот.

-Упатувам благодарност до оние граѓани кои се свесни за предизвикот со кој се соочуваме сите и ги почитуваат одлуките на Владата за забрана на движењето и препораките за социјално дистанцирање, напиша министерот на фејсбук-профилот.

Според статистиката на МВР,  во изминатото деноноќие (12-13 април) забраната за движење на целата територија на државата не ја почитувале 172 лица, а од нив приведени биле 134. На останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.

Според статистичките податоци, 253 лица потпишале изјави за самоизолација, а при извршени контроли од полицијата, не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација. хс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

Маричиќ: Помагам на евроинтеграциите на Молдавија, Црна Гора и Украина, со раководството на СДСМ имам коректна комуникација

Адеми: Инсистирањето на Владата пак да го отвори прашањето за јазикот само ќе доведе до нови и штетни квалификации