Крива Паланка, 13 април 2020 (МИА) – Службените лица од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка за време на 61-часовниот карантин забележаа две прекршувања на полицискиот час од страна на жителите на општина Крива Паланка, информира ОВР Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека против сторителите се преземени соодветни законски мерки, додека во изминатото деноноќие пак, не се забележани прекршувања на полицискиот час.
Во текот на викендот претставници од општинскиот кризен штаб ги посетиле дежурните патролни екипи на ОВР Крива Паланка, а било утврдено и дека компаниите задолжени за достава на намирници се ажурни, како и волонтерските мобилни тимови.
Една видео продукција од Крива Паланка за време на полицискиот час направи и дронска видео презентација на Крива Паланка со празни улици и без раздвиженост на населението.
Видеото е насловено „Остани дома”, и е масовно споделуваме на социјалните мрежи од страна на граѓаните, како еден начин на меѓусебна емоционална поддршка во времето на изолација.ид/бт/