Утрински Весник
Македонија

Забраната за движење не ја почитувале 172 лица во изминатото деноноќие

Забраната за движење не ја почитувале 172 лица во изминатото деноноќие

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Забраната за движење во изминатото деноноќие (12-13 април) на целата територија на државата не ја почитувале 172 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, нови решенија за изолација не се издадени, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација при што нема евидентирани кои не ги почитувале мерките.  хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија