Здужението за едукативен развој „Еквалис“ и група на младински активисти ја започнуваат кампањата „Спас за учебната година“ (#спасзаучебнатагодина) со којашто ја покренуваат петицијата за намалување на наставниот материјал на 70% во основните и средните училишта во Република Северна Македонија.
„Апелираме дека оваа вонредна ситуација треба да биде третирана како таква во образованието. Намалувањето на наставниот материјал на 70% би овозможилo поголем фокус на процесот на оценување – особено во претстојниот последен месец од учебната година. Ние сметаме дека на секој ученик треба да му се даде еднаква шанса за постигнување на успех во училиште, а со моменталната состојба и со спроведување на онлајн настава – искуствата покажуваат дека за тоа ќе треба подолго време“ – велат од здружението.
Истовремено, тие бараат од Министерството за образование и наука да издаде препорака кон училиштата за сите професори и наставници од едно исто училиште да користат исти технологии при спроведување на онлајн наставата.
„Недоволната конзистентност во оваа насока ги става учениците во ситуација за секој предмет да користат различна програма и со тоа се создава чувство на конфузија и неорганизираност“ – додаваат од Еквалис.
Тие очекуваат МОН да одговори на нивните барања најдоцна до 25 април.