Вашингтон, 13 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Оклахома, Крис Пол, кој истовремено е и претседател на синдикатот на играчи, рече дека безбедноста е врвен приоритет во контекст на пандемијата на коронавирус.
– Без разлика колку ни недостасува кошарката и колку и да сакаме да играме, безбедноста е пред сè за нас сега најважна. Не само безбедноста на нашите играчи, туку и на сите како целина. Останете дома, порача Пол.
НБА лигата како и најголемиот број првенства ширум светот се прекинати и не се знае кога ќе продолжат. зс/