Утрински Весник
Македонија

За време на викендот 17 битолчани се шетале во полициски час

За време на викендот 17 битолчани се шетале во полициски час

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Во периодот од 10 до 12 април, тие за време на полицискиот час воведен поради пандемијата со корона вирусот, биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дојчиновски: Со ребаланаот се кратат парите за младите, СДСМ со конкретни мерки за повеќе пари за  студентите и учениците

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Шекеринска: Македонија во НАТО изгради кредибилитет што треба да се претвори во билет за ЕУ