Утрински Весник
Македонија

Јагнешко за Велигден исклучиво на домашните трпези во Пијанечко-малешевскиот регион

Јагнешко за Велигден исклучиво на домашните трпези во Пијанечко-малешевскиот регион

Делчево, 13 април 2020 (МИА) – Побарувачката за јагнешко месо зголемена од домашните купувачи во Пијанечко-малешевскиот регион. Во услови на пандемија од Ковид-19 и отсуство на купувачи од соседството, месарниците егзистираат исклучиво од локалните жители, кои се единствените кои ја крепат не само работата на месарниците туку и воопшто локалната економија.
Цените за килограм јагнешко и годинава се движат околу 300 денари, но поради тоа што сме на прагот на Велигден, вработените во месарите велат дека цената неделава може да биде и повисока.
-Сега е период кога нашата работа претежно се базира на домашни купувачи. Од јагнешко се купува речиси се, од џигер, црева и чкембе и до јагнешки ситнеж. Цената варира но главно се движи до 300 денари за килограм јагнешко. Има побарувачка и за свинско и телешко месо. Поради ситуацијата со коронавирусот бугарски државјани и годинава немаме како купувачи, исто како и лани кога имаа забрана за внесување на месо во нивната земја. Благодарение на домашните купувачи состојбата со продажба, колку-толку е ублажена, велат продавачите.
Додаваат дека согласно мерките за заштита од појавата на зараза од Ковид-19 се следат насоките на Агенцијата за храна о ветеринарство за соодветна заштита при продажба на месото.
-Од таа гледна точка немаме проблем, се следат сите препораки, при купувањето влегува само по еден муштерија. Заштитата на рацете и лицето е задолжителна, така што граѓаните немаат проблем во тој дел, додаваат од локалните месарници.
Поради забраната за работа на угостителските објекти, месарите бележат намалување на продажбата наменета за овој сектор, поради што се е оставено во рацете на домашните купувачи. Од нивната куповна моќ ќе зависи и колку долго во услови на продолжување на пандемијата ќе може да опстои не само оваа гранка, туку локалната економија воопшто. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ставот на МАНУ е дека постои само една национална академија и оти во неа нема место за политички влијанија, за Мицкоски иднината не е во поделби туку во обединување

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер