Утрински Весник
Македонија

Почнува проектот „Музејска едукација преку цртежи“ на Археолошкиот музеј

Почнува проектот „Музејска едукација преку цртежи“ на Археолошкиот музеј

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Археолошкиот музеј денеска започнува со проектот „Музејска едукација преку цртежи“. Музејските предмети ќе ги објавуваат на нивните социјални мрежи – на фејсбук и на новиот инстаграм профил arheoloshki_muzej.

Како што посочуваат од Музејот, секој кој ќе се вклучи во овој проект потребно е да ги сподели цртежите со #МузејскаЕдукација преку #Цртежи и да го тагне профилот на музејот. Сите деца кои ќе бидат дел од оваа иницијатива ќе бидат поканети на бесплатна едукативна работилница во нивното едукативно катче, а за возрасните кои ќе се вклучат ќе следи бесплатна посета на Археолошкиот музеј веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

– Во овие денови на изолација за #СедиДома на децата им се потребни најразлични едукативни активности. Преку оваа активност децата, цртајќи ги музејските предмети кои ќе ги објавуваме, ќе се запознаат со археологијата и нашето богато културно наследство, како и со примената на тие предмети во минатото. Ги охрабруваме и возрасните да се приклучат во овој креативен проект и да ги споделуваат со нас нацртаните цртежи, се вели во соопштението. мс/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лицата кои беа заглавени во куќа во Светиниколско се безбедно евакуирани

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица отворен на одреден период

Покрај топлотниот Африкански бран, во следните денови во атмосферата ќе биде присутна Сахарска прашина и песок