Утрински Весник
Македонија

Делчевка бесплатни шие заштитни маски и капи за медицинскиот персонал

Делчевка бесплатни шие заштитни маски и капи за медицинскиот персонал

Делчево, 12 април 2020 (МИА) – Делчевката Марија Јанева Трајкова која со семејството живее во Скопје веќе подолг период изработува разнобојни заштитни маски и капи кои ги донира за потребите на медицинскиот персонал, за затворите, за граѓаните и за секој кој ќе и побара заштитни средства за борбата против коронавирусот и тоа, како вели та, бесплатно и од срце.
-Имам направено и подарено над 300 заштитни маски кои се направени од 100 процентен памучен материјал кој е густо ткаен и се пере на 95 степени и може да се кварца за дезинфекција. Подарени се на секој кој има потреба од нив, но најмногу на медицинскиот персонал, кој секако има најмногу потреба од заштитен материјал, вели Јанева Трајкова.
Донира не само од сега, туку секогаш кога може и во многу слични и вонредни ситуации.
-Секогаш кога сум во можност донирам. Имам донирано за време на поплавите во Куманово, во Албанија за време на земјотресите, на разни броеви за донации, без разлика дали се работи за деца или слично, додава Јанева Трајкова.
Нејзината мисија не завршува тука. Вели ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, бидејки според неа хуманоста и е дар од Бога. Му се заблагодари на семејството кое многу и помага и има разбирање за нејзината хуманост. вс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумина повредени, меѓу нив и тројца малолетници при судир на ,,мерцедес“ и ,,џип“

Митева: Сто милиони евра во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ

Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија