Утрински Весник
Спорт

Жан Тод изрази сочувство за смртта на Мос

Жан Тод изрази сочувство за смртта на Мос

Париз, 12 април 2020 (МИА) – Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Жан Тод, изрази сочувство за смртта на поранешниот пилот на Формула 1, Стирлинг Мос.

– Многу тажен ден. Стерлинг Мос нè напушти по долгата борба. Тој беше вистинска легенда за мотоспортот и засекогаш ќе остане неа. Сите мои мисли се со неговата сопруга Сузи, неговото семејство и пријателите, напиша Тод на Твитер.

Поранешниот тркач во Формула 1, Стирлинг Мос почина во 91-та година по долго боледување. Според извештаите на медиумите, во моментот на смртта на Англичанецот, неговата сопруга била до него.

Мос има 212 победа на 529 трки. Има 16 победи во болидите на Мерцедес, Масерати, Ванвол, Купер и Лотус. Четири пати стана вице-шампион на „Формула 1“ и победник во трката „24 часа на Ле Ман“. зс

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа