Утрински Весник
Македонија

Шумската полиција откри дрвокрадци на Беласица среде полициски час

Шумската полиција откри дрвокрадци на Беласица среде полициски час

Струмица, 12 април 2020 (МИА) – Група дрвокрадци е откриена вчера на врв на планината Беласица во местото „Свидовска крстосница“, каде на две различни локации на оддалеченост од неколку стотина метри вршеле недозволена сеча на шумата, информираат од струмичката Шумска полиција.

– За време на контролата дел од групата побегнала, додека две лица се фатени и против нив се поднесени кривични пријави. Од страна на шумските полицајци одземени се и околу 15 кубни метри дабово дрво, се додава во информацијата.

Од Шумската полиција откриваат дека дрвокрадството е зачестено, посебно откако почнала примената на посебните мерки за движење поради пандемијата со коронавирусот. За околу еден месец полицијата поднела 20 прекршочни пријави, одземени се неколку возила и поголема количина дрвна маса.

Од Шумската полиција најавуваат интензивни контроли и во наредниот период и ги предупредуваат граѓаните дека секој што ќе биде фатен во нелегална сеча ќе биде санкциониран. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица