Утрински Весник
Македонија

Велигденска честика на Заев: Значењето на Велигден охрабрува, повторно да победи животот

Велигденска честика на Заев: Значењето на Велигден охрабрува, повторно да победи животот

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје, наведува претседателот на СДСМ, Зоран Заев во пораката со која во негово и во има на партијата им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден на сите христијански верници, кои го слават овој ден по Грегоријанскиот календар.

– Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме, истакнува Заев.

Тој во честитака поралува дека значењето на Велигден охрабрува, „заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот“.

– Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски. Животот ја победи смртта, Христос воскресе, стои во велиденската честитка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Со задоволство ќе го угостам Трамп Македонија

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството