Утрински Весник
Македонија

Велигденска честика на Спасовски до католичките верници: Празникот да го поминеме во мирот и спокојството на домот и да излеземе посилни и подобри

Велигденска честика на Спасовски до католичките верници: Празникот да го поминеме во мирот и спокојството на домот и да излеземе посилни и подобри

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Еден од најсветлите празници годинава го славиме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот Ковид-19, нагласува претседателот на Владата, Оливер Спасовски во писмо до бискупот скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во нашата земја, монсињор Киро Стојанов, со кое нему и на верниците од католичката вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Премиерот Спасовски во честитката посочува дека „овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови“, потенцирајќи дека „од нас годинава се очекува да понесеме саможртва за доброто на сите овие денови да ги славиме во изолација за да се заштитиме себеси и ближните“ и „во мирот и спокојството на домот да ја победиме смртта и да преминеме во нова иднина“.

– Со воскреснувањето на Исус Христос, се случи нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и стана сила на надеж за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда, нагласува Спасовски.

Тој натаму потенцира дека годинава „се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски“, но изразува и уверување „дека од празникот со кој ја славиме победата над смртта сите ќе излеземе посилни и подобри“.

– Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома!“, пишува во честитката на премиерот Спасовски по повод празникот Воскресение Христово – Велигден. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?