Утрински Весник
Македонија

Во Пијанечко-малешевскиот регион 28 лица во самоизолација

Во Пијанечко-малешевскиот регион 28 лица во самоизолација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 11 април 2020 (МИА) – Бројот на граѓани во самоизолација во Пијанечко-малешевскиот регион за изминатото деноноќие изнесува 28 лица. Најмногу самоизолирани според надлежните, викендов има во Македонска Каменица, додека најмалку во Пехчево.

– Бројот на самоизолирани од околината поради КОВИД-19 во овие две општини изнесува 19 лица, од нив 16 се во Македонска Каменица, додека само тројца во Пехчево. Во Берово во самоизолација се девет лица, додека во Делчево денеска нема лица кои се наоѓаат во самоизолација. Бројката варира во зависност од тоа на колку лица им поминал рокот за задолжителна самоизолација од 14 дена, информираат надлежните.
Генерално, во овие општини се почитува повеќечасовниот карантин, со тоа што дел од граѓаните се во можност да ги завршат пролетните обврски во своите домови.
Граѓаните кои имаат дворови или мали градини со фолии го искористија времето за садење, претежно раноградинарски култури –  лук, марула, млад кромид.
Четирите најисточни општини, Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехлево се меѓу ретките каде се уште нема позитивен случај на КОВИД-19. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи