Утрински Весник
Македонија

Дука: Владата е таа која ќе одлучи дали ќе продолжи кризната состојба во Дебар и Центар Жупа

Дука: Владата е таа која ќе одлучи дали ќе продолжи кризната состојба во Дебар и Центар Жупа

Дебар, 11 април 2020 (МИА) – Одлуката на Владата од 13 март со која е прогласена кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа во период од 30 дена, истекува денеска. Во Дебар веќе осми ден нема новозаразени од КОВИД-19, па бројот на заразени останува на 49 лица, од нив две лица од Центар Жупа.

Во врска со понатамошниот статус и третман на двете општини одлука треба да донесе Владата и доколку таа одлучи да продолжи кризната состојба, локалните власти
бараат одредени олеснувања, односно надминувања на неколку проблеми кои сеуште се присутни.

– На седница на Оперативниот штаб присуствуваше претставник на Министертвото за здравство кому му го пренесовме нашиот став. Ние не сме тие кои донесуваат
одлука дали ќе се укине или ќе продолжи кризната сосотјба,тоа ќе го каже Владата на РСМ. Сепак доколку се одлучи да продолжи бараме да се дозволи непречена работа
на локалните претпријатија кои вршат транспорт и на жители од двете општини кои работат во други општини да им се дозволи непречен излез и влез од и во градот. Исто така побаравме Министерството да обезбеди еден гинеколог и еден анестезиолог, рече Дука на денешната редовна прес-конференција.

Тој искажа огорченост од некои портали како и поединици кои на социјалните мрежи,како што рече, објавуваат дезинформации.

– Бараме  да престанат со тоа зашто крајно  време е да преземеме и законски мерки против нив. Во секој момент можe да се обратат до Оперативниот штаб и да добијат
потребна информација а не да шират дезинформации, кои не се во прилог на состојбата со која сме соочени, нагласи Дука.

Како проблем тој ја посочи појавата на злоупотреба на вода за пиење, поради што во одредени делови на градот веќе се чувствува недостиг.

– Ги замолувам граѓаните да не ја злоупотребуваат водата за пиење. Во ова време на кризна состојба со опасниот вирус мора сите да имаме вода која е неопходна за
одржување на хигиената. Ги замолувам исто така да не ги мијат дворните места, како и улиците и тротоари пред нивните домови бидејќи тие се дезинфицирани. Ќе ги таргетираме лицата кои ја злоупотребуваат водата и ќе преземеме законски мерки, порача Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб. вт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината