Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час во Гостивар не е прекршен во првите 24 часа 

Полицискиот час во Гостивар не е прекршен во првите 24 часа 

Гостивар, 11 април 2020 (МИА) – Првите 24 часа од полицискиот час викендов во Гостивар поминаа без регистрирани прекршувања на забраните за движење. Локалната самоуправа преку волонтери доставува храна и лекови.

Од Општина Гостивар информираа дека изминативе 24 часа во кризниот штаб се јавиле триесетина граѓани. Ним преку мобилните екипи им се примени барањата и се набавени потребните храна и лекови

– Преку оваа услуга, Општината им помага на граѓаните кои не се во можност или имаат вонредна потреба да добијат храна или лекови. Трошоците за набавката ги сносат граѓани, изјави Јасин Демири од Општина Гостивар и потенцираше дека оваа услуга  е активна за време на викендот, а  во работните денови таа ќе функционира со почетокот на полицискиот час.

Демири апелираше до сограѓаните да продолжат со почитување на ограничувањето на движењето, а за нивните потреби Општина Гостивар ќе одговори позитивно. За таквите потреби гостиварци можат да се јават на телефонските броеви: 072 577 713 и 072 577 741

Во градот за овој викенд работат три аптеки, неколку маркети и угостителски објкети кои имаат можност да доставуваат нарачки.

Kризниот штаб на Гостивар, во согласност со своите надлежности, на неколку економски оператори им издаде дозволи за работа за време на полицискиот час за овој викенд. Доколку граѓаните имаат итна потреба од храна, хигиенски, прехранбени производи или лекови, набавката и доставата ќе ја извршат волонтери и други лица кои имаат дозвола за движење.

Ова е списокот на маркети и угостители што локалната власт го објави на официјалната веб-страница:

Елкос Груп ЕТЦ – 071-240 804

Маркет „Деликатес“ – 078 / 456-875

Маркет„Фикри Компани“ – Форино – 070 / 444-462

Маркет „Абаз Комерц“ – Чегране – 070 / 875-506

Маркет „Ермија“ – 070 / 204-847

Ема логистикс: 071 / 686-666

Али Маркет: 070/553 071

Пица деливри Кинг: 078/886 996

Пица Хаус: 070/800 350

Пица Твинг Твинг – 078 346 501

Пица Сити – Чегране – 070 643 111

Пица Розафа – 071 966 094

Ресторан „Игнација“: 078/365 771

Аптеките ќе работат во текот на викендот со дозволи за работа кои ги издава централната власт. згм/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава