Утрински Весник
Македонија

Социјални пакети за нови 30 домаќинства од Карпош

Социјални пакети за нови 30 домаќинства од Карпош

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Социјални пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, во текот на вчерашниот ден беа поделени на 30 социјално загрозени домаќинства од Карпош. Оваа хуманитарна акција Општината ја организираше во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ја извршија дистрибуцијата на пакетите со социјална помош.

– Карпош во повеќе наврати ја покажува својата хуманост и солидарност со своите жители. Оваа акција е со цел да се олесни живеењето на граѓаните, особено во овој период на пандемија од коронавирусот, наведуваат од Општината.

Пред Велигденските празници, додаваат, Карпош традиционално организираше хуманитарна акција пред сите поголеми маркети на која граѓаните донираа продукти. Но, оваа годиниа со намера да се спречи директен контакт меѓу граѓаните, се одлучиле да ја спроведат акцијата на овој начин.

Во текот на неделата, биле доделени и 50 социјални пакети со храна и средства за хигиена, кои биле донирани од компанијата „СМС Шопс ДООЕЛ“, што значи дека изминатава недела била доделена поддршка за вкупно 80 домаќинства од Карпош.

– Ги повикуваме сите општествено одговорни компании да ја покажат својата хуманост, да донираат и да помогнат на најзагрозените категории граѓани, се вели во соопштението. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите