Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Тетово преку ден полицискиот час се почитува, ноќеска тројца приведени

Во Тетово преку ден полицискиот час се почитува, ноќеска тројца приведени
Img 7972

Тетово, 11 април 2020 (МИА) – Изминатото деноноќие тетовската полиција бележи три лица кои не ја почитувале забраната за движење и биле приведени. Во текот на денот во Тетово низ градот се почитува ограничувањето на движењето и досега нема регистрирано лица кои ја прекршуваат мерката.

– Движењето е овозможено на поединци со дозвола за движење која ја издава Министерството за информатично општество и администрација. Сите тие треба да го пријават движењето и на бројот 192, информираа од СВР Тетово.

МВР објави дека  полициски службеници во периодот од 10 до 11 април извршени се 233 контроли кај лица во изолација,  45 контроли кај лица во самоизолација, во државен карантин се спроведени 59 лица во три објекти во Тетовско, информирата денес од МВР.

Воедно во изминатото деноноќие на пет лица во Тетовско им се издадени решенија за изолација, а 16 луѓе потпишале изјави за самоизолација. ас/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам