Утрински Весник
Македонија

Забрана за влез за жители од други градови за Велигден, бараат од охридскиот кризен штаб

Забрана за влез за жители од други градови за Велигден, бараат од охридскиот кризен штаб

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со корона вирусот, побара од Кризниот штаб на владата да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот.

Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста за ваква мерка која сметаат дека е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели.

„Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна. Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид и од аспект на оневозможување редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на општина Струга и селата од струшкиот регион каде што бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте“, посочува градоначалникот Георгиески.

Ова особено се однесува на градежни работиници кои работат на градежни објекти во Охрид, а потекнуваат од струшкото кризно подрачје.

Во Охрид, со денешниот потврден случај има 4ца вкупно пациенти со Ковид-19. Во соседна Струга бројката е поголема – 33 инфицирани со корона вирус од кои тројца се новопотврдени во последниве 24 часа. Пикот на заразата, според здравствените власти, се очекува на крајот на овој месец.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешен министер за култура

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука