Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Првиот дел од одморот за 2020, лицата опфатени со мерките да го искростат до крајот на јуни

Првиот дел од одморот за 2020, лицата опфатени со мерките да го искростат до крајот на јуни
Img 7972

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 (стар одмор) наместо до крајот на јуни, поради вонредната состојба, треба да се искористи до крајот на мај (31 мај 2020). Со Уредба од Владата, лицата што се опфатени со мерките од Ковид-19, првиот дел односно две едноподруго работни недели од новиот годишен одмор, за 2020 година, треба да го искористат до 30 јуни 2020 година.

– Лицата опфатени со овие мерки се бремените жени, хроничните болни, родители со деца до 10 години, кои не можат да вршат работа од дома и затоа работодавците на фирмите за овие лица треба да овозможат да го искористат и ланскиот одмор и дел од годинашниот одмор од 2020 година, рече заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во информативната видеосесија на Владата за прашања од социјалната заштита.

За луѓе што се работно активни, рече заменик-министерот, ако не можат да стигнат  да го користат новиот одмор од две недели во 2020, согласно со  Законот за работни односи, можат да го искористат до наредната година, 30 јуни 2021.

Уредбата за одморите за вработените во компаниите е донесена од Министерството за труд и социјална политика, а за јавниот сектор – од Министерството за информатичко општество и администрација.

– Таму е, исто така, уредено за лицата што не можат да вршат работа, кои се опфатени со мерките од КОВИД-19 – бремени жени, хронично болни и родители на деца до 10 години, за нив се смета дека одморот за 2019 е веќе искористен. За луѓето што се активни и работат од дома, за нив исто важи како и за приватниот сектор – старот одмор за 2019 ќе може да го искористат до крајот на мај 2020, рече Бајрактар.

Во јавниот сектор оваа Уредба, посочи тој, не важи за припадници на Армијата, полицијата, јавните здравствени установи, министерствата за одбрана, здравство и за внатрешни работи, царинските и инспекциските служби, Територијаната противпожарна ззаштита и за луѓето кои рабтат 24 часа во домови за стари лица.

– Тие ќе може да го искористат одморот од 2019 и дел (две недели) од одморот за 2020 година до крајот на годинава, 31 декември 2020, рече Бајрактар, нагласувајќи дека одморот се утрвдува согласно со потребите на работниот процес и со одобрение на работодавецот кој ги организира работата и одморот на вработените. хс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор