Утрински Весник
Македонија

Македонски државјани приведени во Србија поради непочитување на вонредните мерки

Македонски државјани приведени во Србија поради непочитување на вонредните мерки

Белград, 11 април 2020 (МИА) – Српската полиција приведе двајца македонски државјани, М. J. (1975) и А. J. (1992), со престојувалиште во градот Темерин во Војводина, под сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според законска регулатива за време на епидемија“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, двајцата Македонци се сомничат дека во својот локал во Темерин им служеле пијалоци на гостите, со што ги прекршиле прописите за работа за време на епидемија.

Ним им е одреден притвор до 48 часа, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Нови Сад. об/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

21-годишник поттикнал малолетник да ја украде картичката на дедо си, па подигнале 156.000 денари

Левица: Дури и на анкетите на Мицкоски, Левица расте со пратеници

МВР учествуваше во меѓународна операција за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол