Утрински Весник
Спорт

Играч на МЛС: Ибрахимовиќ ги навредуваше своите соиграчи цели 90 минути

Ибрахимовиќ прв фудбалер што постигнал гол во последните четири децении
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сан Хозе, 11 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Сан Хозе, Флоријан Јунгарт, изјави каков впечаток му оставил Златан Ибрахимовиќ кога за прв пат играл против него. Ова, се разбира, се случи кога шведската sвезда го носеше дресот на Лос Анџелес Галакси.

– Мислам дека беше 2018 година кога за прв пат игравме против Златан на Стенфорд и тој го навредуваше секој соиграч. Тој им викаше во сите 90 минути. Беше смешно. Сите се плашеа од него, што просто беше за смеење. Сите негови соиграчи изгледаа како мали деца. Нешто како: „тато, дали можам да те прашам нешто?“, вели дефанзивецот.

Како што е познато, Ибрахимовиќ го напушти американскиот клуб во јануари 2020 година по две сезони во Лос Анџелес.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk