Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на градските улици во Делчево

Дезинфекција на градските улици во Делчево

Делчево, 11 април 2020 (МИА) – Продолжува деизнфекцијата на градските улици во Делчево. Според информациите на надлежните, екипи на Територијалната противпожарна единица во текот на денешниот ден ќе извршат дезинфекција на улиците во населба Милково Брдо.

-Активностите во насока на заштита на населението од Ковид-19 продолжуваат со дезинфекција на улиците на периферијата во градот. Потоа согласно планираното ќе се опфатат и улици во другите делови во Делчево, информираа од општината.

Паралелно, како што додаваат, поставен е и вториот пункт за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Делчево од соседните општини.

– Благодарност до тимот на ЈКП „Брегалница“ кои ни помогнаа да ја реализираме оваа идеја. Вториот пункт е поставен на Регионалниот пат Делчево – Берово, а во тие рамки и патниот правец Делчево – Граничен премин. Апелираме до граѓаните кои патуваат со моторни возила, задолжително, покрај дезинфекцијата на овие пунктови, да вршат и сами редовна дезинфекција на сопствените возила, но и да ги почитуваат сите останати препораки од Владата и Министерството за здравство, додадоа надлежните.

Претходно, како што дополнија, извршена е дезинфекција на улиците во селските средини во делчевско. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор