Утрински Весник
Свет

Над 100.000 починати од коронавирус во светот

53055951 303

Бројот на починати од инфекција со коронавирус во светот се искачи на над 100.000 лица. Притоа, Европа е најмногу погодена. На стариот континент од Ковид-19 животот го загубиле над 70.000 луѓе, јави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на податоци од надлежните институции.

САД, во меѓувреме, имаат ист број на починати како тешко погодената Италија – околу 18.000, во Шпанија бројот на починати е 15.843, а во Франција 13.197.

Во Германија бројот на починати е 2373 луѓе, додека бројот на инфицирани изнесува 113.525 лица. Во светот, пак, бројот на инфицирани се зголеми на 1,7 милиони луѓе.

Повеќе од половината од светското население е погодено од ограничувања на движењето поради корона-кризата. Во текот на велигденските празници од карантинските мерки се погодени голем број верници, поради тоа што многу цркви остануваат затворени. Папата Франциско на Велипеток ја одржа процесијата на Патот на крстот на речиси сосема празен плоштад во Ватикан. Вообичаено на традиционалната процесија учествуваат илјадници верници.

Целата сторија може да ја прочитате ТУКА

 

Извор: dw.com

 

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа