Утрински Весник
Спорт

Зидан направи донација на лекарите во Алжир

Зидан направи донација на лекарите во Алжир

Мадрид, 11 април 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан испрати медицинска опрема за да помогне во борбата против коронавирусот во Алжир, од каде потекнуваат неговите родители.

Донацијата, која вклучува пет целосно опремени легла за интензивна нега и опрема за вештачка вентилација, ја направи добротворната фондација Зидан за потребите на лекарите во Беџаја, главниот град на истоимената северо-источна провинција Алжир.

Гувернерот Ахмед Маабед особено им се заблагодари на претседателот на фондацијата и на таткото на фудбалската легенда, Идмаел Зидан, кој е роден во селото Агемун во покраината.

Смртните случаи на коронавирусот во Алжир се повеќе од 240, а заразените се повеќе од 1.700.

Зинедин Зидан, роден во Марсеј во 1972 година, ја однесе Франција до трофејот од Светскиот куп во 1998 година и до европската титула две години подоцна.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“