Крива Паланка, 10 април 2020 (МИА) – До вечерва до дваесет часот во општинскиот кризен штаб од Крива Паланка можат да се пријават жители на општината што не се регистрирани земјоделци, а во текот на викендот мора да вршат земјоделски активности на своите имоти надвор од градот.
Од Одделот за внатрешни работи Крива Паланка апелираа сите граѓани на Општина Крива Паланка поради навремено нивно евидентирање за евентуални земјоделски активности на нивните имоти, што е неопходно да ги завршат во текот на викендот, во претстојните два дена, да се пријават телефонски на 031/375-035 за евидентирање во кризниот штаб.
Апелот е упатен во коориднација со општинскиот кризен штаб, а евидентирањето на граѓаните ќе им овозможи дневно извршување земјоделски активности со тоа што грѓаните треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.
Од ОВР Крива Паланка нагласија дека Општинскиот кризен штаб нема да издава дозволи за движење, туку само ќе ги евидентира земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици. ид/мд/