Утрински Весник
Спорт

Подметнат пожар на стадионот „Максимир“ во Загреб

Подметнат пожар на стадионот „Максимир“ во Загреб

Загреб, 10 април 2020 (МИА) – На стадионот „Максимир“ е подметнат пожар при што е причинета материјална штета, истакнаа попладнево од Динамо Загреб.
„Ја известуваме јавноста дека во вечерните часови во четвртокот, на стадионот „Максимир“ кај билетарницата е подметнат пожар од непознат сторител, при што е предизвикана материјална штета. Со интервенција на службата за обезбедување, пожарот е изгаснат, а за инцидентот се известени и полицијата и противпожарната служба“, се наведуваат во соопштението на загрепските „модри“. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норвешкиот лизгач Ејтрем победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот