Утрински Весник
Економија

Пауновски: Кафематите се запечатуваат и исклучуваат од струја

Пауновски: Кафематите се запечатуваат и исклучуваат од струја

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Државниот пазарен инспекторат досега изрекол забрани за работа на 228 кафемати што биле во функциија кај бензински станици, тобакомаркети, колонијални продавници и а други места, како превентивна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Кафематите се запечатуваат и исклучуваат од напојување со струја.

Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат, денеска на прес-конференција појасни дека инспектороте ги затвораат превентивно кафематите  затоа што има опасност за ширење на заразата  поради  тоа што на на овие апарати се притискаат копчиња за да се добие производ, но и се забележани групирања на луѓе околу нив.

-Дел од сопствениците на апаратите се повикани, разговарано е со нив да не доставаат дополнително вода и кафе во тие апарати да не дојде до повторно користење, а онаму каде што постапуваат инспекторите со самото лепење на службен печат од страна на инспекторите лепењето на службен печат воедно го вршат и со исклучување од напојување на електрична енергија, рече Пауновски, дополнувајќи дека инспекторите проверуваат дали се отстрануваат налепниците кои се службен печат и оти тоа е казниво.

Пауновски дополни дека и сопствениците на затворените 154 угостителски објекти треба да пријават ако некој им го отстани службениот печат за забрана за работа за да не добијат покрај паричната казна и кривична пријава.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

Клековски против минималната плата од 600 евра

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година